img

ВИНСКИ ЛИКЕР МАКС

Ликерско вино добиено со делумна дехидратација на Вранец на самата лозанка. Ферментацијата е прекинета со додавање на вински дестилат. Потоа виното е зреано во инокс садови во присуство на цимет, каранфилче и ванила.

Арома Комплексни ароми на зрело црвено и црно овошје, каранфил, цимет, сладок корен, кора од портокал и карамелизиран гроздов шеќер.

Вкус Благо вино со полно тело, зреани танини, добро интегриран висок алкохол, хармонично со долг завршеток.

Сервирање Се сервира оладено на 15 °C или со коцка мраз. По вкус може да се додаде парче цитрусно овошје. Се препорачува да се дегустира како дигестив или во комбинација со десерти.

Боја црвена

Алкохол 21.5 %

Шекер 100 g/l

Берба 2020

Сорта Вранец

Регион Гевгелиско виногорие

Метод на берба: Рачна берба во сандуци од 20 килограми

1450 den

© 2023 KEREM

Made by

  Red Pet